Press "Enter" to skip to content

“Солза и смеа” оваа среда во Центар за култура – Битола

Урнебесните Солза и смеа овој месец ја започнаа својата голема турнеја која беше во 10 градови низ цела наша земја, а турнејата ја завршуваат во нивната родна Битола на 05.03.2025 во Центар за култура – Битола, со почеток во 20 часот каде ПРЕМИЕРНО пред прилепчани ќе го изведат нивното најновото комично шоу кое носи наслов “Аџанак -Баџанак”.

Овој месец популарните тв ликови од “Солза и смеа” ја започнаа својата голема турнеја во над 10 градови во Македонија – и тоа во зголемен, проширен состав со нивната најнова урнебесна комедија, каде ги полнат салите до последното место! Во Битола доаѓаат на 05 март 2025 година, а комичното шоу е закажано за во 20 часот во Центар за култура-Битола, сала која исто како и минатите години, ќе биде претесна за да ги собере сите битолчани кои ќе уживаат во смеата на овие добро познати комични ликови.

Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија, па можеме со сигурност да кажеме дека каде и да се појават постои огромен интерес за овие популарни ликови.

Побрзајте, билети може да си резервирате ВЕДНАШ 24/7 на 078/ 66-77-97, или да си купите директно на Билетарата во Центар за култура-Битола.

Цена на билет: 250 денари.