Новите давачки што ги воведуваат САД, нема да ја заобиколат Македонија. Трамп одлучи на земјава да ѝ воведе царини од 33%, што според неговите пресметки е половина од 65% македонски царини за американски производи увезени во државата. Нема објаснување како американската администрација стигнала до бројката од 65% македонска царина на производи од САД.
Македонија е, речиси, израмнета со главниот економски конкурент на САД, Кина која доби стапка од 34% царини за своите производи извезени во САД. Кина, Мексико и Канада се трите најголеми извозници на стока во САД.
На листата на Трамп се најде и Србија на ниво од 37% додека Албанија и Косово се на минималните 10% царина за извоз во САД.
Македонија во јануари во 2025 година имала позитивен трговски биланс со САД, поголем извоз од увоз на американски производи, покажуваат анализите на Државниот завод за статистика. Земјава извезла стока во вредност од околу 21.800.000 милиони долари. Со царинската стапка од 33%, цената на таа стока ќе биде за третина поскапа, односно кога ќе стигне на американско тло ќе чини околу 29 милиони долари поради што ќе поскапат и македонските производи на американскиот пазар.