Бизнис

ГЕРМАНСКАТА ВЛАДА СЕ ПРОТИВИ НА БОЈКОТОТ НА АМЕРИКАНСКИ ПРОИЗВОДИ

26.03.2025

Германската влада денеска ги отфрли повиците за бојкот на американските производи и покрај несогласувањата околу царините, нагласувајќи дека најголемата европска економија сака да одржува добри трговски односи со САД.

Претставникот на германската влада Штефен Хебестрајт изјави дека Германија прави се за да постигне добри односи со САД и дека целта е да се намалат трговските бариери, а не да се зголемат, пренесе Ројтерс.

Tрговскиот суфицит на Германија со САД минатата година достигна рекордни 70 милијарди евра.

Заладувањето на трговските и безбедносните односи меѓу Соединетите Држави и нивните традиционални европски сојузници ги поттикнаа повиците во Европа за замена на американските производи со домашни брендови.

Форумот на социјалната мрежа привлече 189.000 членови кои разговараат за алтернативи на американските брендови, пренесува Б92.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО