Познати шеширите за четвртфиналните групи од ракометниот Куп на Македонија

Познати се сите шеснаесет екипи кои ќе играат во четвртфиналните групи од Купот на Македонија во ракомет, а во пресрет на ждрепката се објавени и сите четири квалитативни шешири. 

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер се најде во првиот шешир заедно со Вардар 1961, Алкалоид и ГРК Охрид, додека Еурофарм Пелистер 2 ќе ги чека своите противници од третиот шешир. 

Куп на Македонија 2024/25 - групна четвртфинална фаза: 

Шешир 1: Еурофарм Пелистер, Алкалооид Ракомет, Вардар 1961, Охрид
Шешир 2: Тиквеш, Бутел Скопје, Пролет, Струга
Шешир 3: Еурофарм Пелистер 2, Мулти Есенс, Прилеп, Куманово
Шешир 4: Радовиш, Партизан Гевгелија, Аеродром, Борец Фруитленд

Натпреварите од групната фаза ќе се одиграат на 26 и 27 април, а завршниот турнир ќе се игра за време на викендот од 15 до 18 мај.