Битолчани по четврти пат се собраа на протестен марш по широк сокак, да го изразат својот револт против изградба на регионална депонија во близина на РЕК Битола. каде отпад ќе одлагаат 18 општини од југо – западниот регион.
Остануваат на ставот дека во срцето на плодната Пелагонија не и е местото на ваква депонија, и бараат властите да најдат друга локација.
Следниот протест го најавија за вторник кога ќе се соберат пред зградата на општината, во време кога советот на општина Битола ќе одржува редовна седница, за да и ги пренесат пораките на локалната власт дека граѓаните се против изградба на регионална депонија.