Економија

КИНА, ЈАПОНИЈА И ЈУЖНА КОРЕЈА СО КООРДИНИРАН ОДГОВОР НА АМЕРИКАНСКИТЕ ЦАРИНИ

31.03.2025

КИНА, Јапонија и Јужна Кореја се согласија заеднички да одговорат на американските царини, објавија од кинеската државна телевизија CCTV. Договорот дојде откако министрите за трговија на трите земји вчера го одржаа својот прв економски дијалог во последните пет години, со цел да се олесни регионалната трговија додека азиските извозни сили се борат против царините наметнати од американскиот претседател Трамп.

Во соопштението се наведува дека сите три страни се договориле да ја зајакнат соработката во синџирот на снабдување и повеќе да разговараат за извозните контроли.

Јапонија и Јужна Кореја бараат да увезуваат полупроводнички суровини од Кина, а Кина е заинтересирана за купување чипови од Јапонија и Јужна Кореја, објавиja медиумите.   

За време на вчерашната средба, министрите се согласија да „работат тесно заедно на сеопфатни дискусии на високо ниво“ за договорот за слободна трговија меѓу Јужна Кореја, Јапонија и Кина за промовирање на „регионалната и глобалната трговија“, се вели во соопштението објавено по состанокот. Министрите се состанаа пред планираното соопштение на Трамп за дополнителни царини во среда, пренесува Индекс.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО