Се огласи Владата по зголемените царински тарифи: Очекувавме ваков потег од САД

Објавено во: Економија 03 Април, 2025 14:18
Владата се огласи со реакција по одлуката на САД на Македонија да и воведе висока царинска стапка од 33 отсто со коментар дека таквиот потег, како што велат од таму, бил најавуван и очекуван, како и дека се работи „за репреговарање на трговските односи во светот“.
Во соопштението испратено до медиумите пишува дека нема простор за паника и дека не треба да се избрзува со реакциите, туку од сега понатаму да се работи „на решавање на проблемот“.
- Во однос на одлуката на САД за царинските трошоци, за нас станува збор за очекувана одлука на американската администрација, која не ја одмина ниту една земја во светот – дури ни Велика Британија, Канада, Европската Унија и уште стотици други држави.
Владините тимови веќе некое време ги анализираат можните последици и заедно имаме подготвен план за надминување на ситуацијата. Оваа одлука нема да има голем импакт врз нашата економија, но ние имаме јасен план како понатаму.
Контактите со американската администрација се веќе воспоставени и ќе продолжат на високо ниво, а Владата ќе работи на изнаоѓање решение и на спроведување на планот.
Она што е значајно да се спомене е дека нема потреба од никаква паника, ниту од избрзани реакции и заклучоци. Станува збор за нешто долго најавувано од оваа администрација, и не е одмината ниту една земја – дури ни најстарите и најтрадиционални партнери на САД.
Ова е обид за репреговарање на трговските односи во светот – нешто што беше неопходно и што, иако сега за некои претставува шок, за други ќе значи можност.
Знаеме дека оваа ситуација е шанса за многу луѓе кои не ѝ посакуваат добро на Владата да напаѓаат неосновано и да се обидуваат да нанесуваат штета врз нашиот углед – било поради лични интереси, било поради партиски цели, било поради малодушност. А некои и поради оправдани дилеми – и нив целосно ги разбираме.
Нападите што ги слушаме од првата група споменати – не се ништо ново. Очекувани се, и тие не знаат ништо подобро од тоа. Но ние ќе ги преживееме и нивните напади, и ќе бидеме посилни – ќе се уверите во тоа, гласи соопштението на Владата.
Можеби ќе ве интересира
Најавените царини предизвикуваат неизвесност на берзите

СТИГНА ОДГОВОРОТ ОД КИНА НА ЦАРИНИТЕ ОД 104 ОТСТО: Не сакаме трговска војна со САД, но ќе бидеме приморани на неа

СЕ ТРЕСЕ БЕРЗАТА: Царините на Трамп предизвикаа силен „земјотрес“

ОТКРИЕНО КОЈ ЌЕ БИДЕ КОНЦЕСИОНЕР НА „МАКЕДОНСКО СЕЛО“: Ќе се отвори во јуни годинава

КОИ ТРОЈЦА ДИРЕКТОРИ ДОБИЈА МАНДАТ УШТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ, А ЌЕ ЗЕМААТ ПАУШАЛ ОД 20 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ МЕСЕЧНО - еве какво известување стигна од „Жито Полог“

Некогаш беше „златна кокошка“ на Скопје, сега има рекордна загуба од 4,2 милиони евра

Светот се разбуди во нов царински шок: За Кина од денес стапка од 104 отсто

КРАЈ НА ЕВРОПСКИОТ ЕЛ ДОРАДО? Мислеа дека се заштитени од царините на Трамп, но добија најмногу: Пристигна одговорот!
