• Саше Љолес
Шпанецот Карлос Алкараз беше задоволен и среќен од освоената титула на турнирот во Монте Карло, но воедно упати и поддршка за својот ривал во финалето, Лоренцо Мусети, за кој рече дека не заслужил да загуби на таков начин. (3-6, 6-1 и 6-0)
Беше очигледно дека Мусети е во лоша физичка кондиција после напорните мечеви во претходните рунди, па затоа Алкараз го пофали за сите успеси на турнирот и изрази колегијална поддршка.
„Беше навистина тешко да се гледа крајот, Лоренцо не заслужи да го заврши мечот на овој начин. Ниту јас не сакав да победам на ваков начин, но морав да се фокусирам и да одиграм најдобро што можам.
Мојот ривал имаше многу напорна недела и одигра неколку тешки и долги дуели. Жал ми е за него, ова е еден од најдобрите резултати во неговата кариера, ќе беше супер ако одигравме вистинско финале“, скромно изјави Алкараз.
Младиот Алкараз со овој триумф се враќа на втората позиција на АТП листата. За него ова беше прв трофеј на престижниот турнир во Монте Карло.