• Редакција Gol.mk

Претседател на комисијата за делегирање на судии при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Јосип Бартон, денес се обрати до нашата редакција со реакција и прецизирање по нашиот текст „Фуркан Идризи „плати“ за грешките – доби ниска оценк за „вечното дерби“. Имено, Gol.mk ја информираше јавноста дека судијата Идризи и неговиот асистент Ѓоргески добиле слаби оценки за делењето на правдата на натпреварот Пелистер - Вардар во саботата. Нашиот медиум издвои четири спорни ситуации заради кои се крена голема „прашина“, а донесоа реакции и од едната и од другата екипа.
Бартон ја потврди инфирмацијата дека главниот судија Фуркан Идризи е оценет со 7.4, а неговиот втор асистент Александар Ѓоргески со 7.9, што е еквивалентно на ниска оценка. Сепак, сакаше да ги наведе и деталите за казната, кои не се поклопуваат целосно со спорните моменти кои Gol.mk ги изнесе во својата информација.
Во дописот Јосип Барттон објаснува:
„Со оглед на тоа што сте направиле анализа на грешките на судиите кои се произволни и нестручни ве информирам за причините поради кои судиите се оценети со слаби оценки а истите не се во контекст со вашиот извештај:
За спорниот пенал за Вардар од 20 минута: „Одлично поставен и многу близу и без двоумење досудува казнен удар за гостиската екипа, поради влечење од зад грб од страна на домашниот одбранбен играч ,но мораше да покаже и дициплинска мерка црвен картон на домашниот играч .Направен е пропуст“ – за одлуката на Фуркан Идризи.
„По брзата акција од левата страна гостискиот играч е во недозволена ситауција, а поради неговата лоша поставеност и слаба концетрација направи пропуст и не сигализира очигедна офсајд ситуација по која гостиснкиот тим се здоби со изгледна шанса по која е и досуден и казнен удар“, за грешката на вториот аистент Александар Ѓоргески.
Заклучок: Идризи правилно досуди удар од белата точка, а погреши поради тоа што не му доделил црвен картон на домашниот играч кој го прави фаулот. Грешка на аистентот, кој не досиди очигредна офсајд ситуација.
Недосуден пенал за гостинската екипа: „По брзата акција на гостиската екипа од лева страна топката е нафрлена во казнетиот простор, каде гостискиот играч шутира кон голот но одбрабениот играч интервенира за да го спречи шутот кој оди према гол топката го удира во рака која му е во неприродна положба .Главниот судија не досуди казнен удар за гостите и со тоа направи пропуст“.
Ова е извештајот на контролорот Бранко Манојловски и само ова е вистината и анализата на спорните моменти околу натпреварот Пелистер – Вардар“.
Претседателот на комисијата за делегирање на судии во интерес на фудбалот и вистината се стави на располагање на расветлување на спорните моменти на натпреварите на нашите фудбалски терени и во иднина. Неговата достапност и коректниот однос се за поздравување. Сепак, Gol.mk како најчитан спортски медиум во нашата земја, и еден од ретките кои известува со свои екипи од лице место, понатаму ќе ги следи и детално ќе информира од најактуелните спортски настани во Македонија, потпирајќи се и на објективноста и професионалноста на своите новинари.