Орбан: Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон

Од:

Унгарија и САД ќе договорат пакет економска соработка што ќе и помогне на унгарската економија и ќе ги ублажи последиците од можните царини на САД против Европската Унија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан, долгогодишен поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека економскиот пакет ќе го продлабочи веќе постоечкиот политички сојуз меѓу Унгарија и САД.

Унгарскиот премиер истакна дека таков договор ќе и помогне на Унгарија дури и ако избие трговска војна меѓу САД и Европската Унија.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела објави дека неговата администрација наскоро ќе објави воведување тарифи од 25 отсто за производите од Европската Унија.

„Унгарија ќе претрпи загуби (во трговската војна), исто како и сите земји-членки на Европската Унија. Сè уште не знаеме колкави ќе бидат овие загуби, но сигурно е дека ќе има такви“, рече Орбан.

Тој додаде дека Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон и дека пакетот мора да може да ги ограничи или целосно да ги неутрализира ефектите од евентуална трговска војна.

– Унгарските власти веќе преговараат за обновување на даночниот договор на двете земји, кој беше раскинат од претходната американска администрација, рече Орбан.

Другите делови од договорот ќе и помогнат на Унгарија „да ги надомести загубите предизвикани од американските царини наметнати на Европа и да обезбеди компензација, и во монетарна и во реална економска смисла“.

Директната трговска изложеност на Централна и Источна Европа кон САД е ограничена.

Би можело да ве интересира

Трамп: ЕУ воведе царина од 50 отсто за вискито, ние ќе им одговориме со 200 отсто царини

Хамас го поздрави „повлекувањето на Трамп од идејата за раселување на Палестиците од Газа“

Зеленски: Сакаме Трамп да види дека сакаме да ставиме крај на војната

Иран го чека тајното писмо од Трамп

ЕУ подготвува жесток одговор на американските царини

Горан Наумовски

Што сака Украина да постигне со мировните преговори во Саудиска Арабија

Катерина Ѓуровски