logo
logo
logo

Фенер застана во одбрана на Мурињо: Тренерот на Галатасарај скокна како да беше застрелан

Vecer | 04.04.2025

Фенер застана во одбрана на Мурињо: Тренерот на Галатасарај скокна како да беше застрелан

Фенербахче излезе со официјално соопштение во одбрана на менаџерот на тимот Жозе Мурињо, критикувајќи го тренерот на Галатасарај, Окан Бурук. По последниот судиски свиреж од четвртфиналето од Купот на Турција меѓу двете екипи, Португалецот го фати Бурук за нос, за што ризикуваше сериозна казна.

„Окан Бурук го испровоцира Жозе Мурињо и имаше дрскост да прави непочитувачки гестови со рацете откако го мина полицискиот кордон. Откако нашиот тренер моментално го допре по носот, дотичниот човек на претеран начин се фрли на земја.

Непочитуваните зборови и постапки на овој човек, кој се фрли на земја како да е „застрелан. Очигледно е дека снимката од овој човек како се фрла на земја ќе продолжи да го прогонува во неговата тренерска кариера, бидејќи ваквото однесување е карактеристика на неговото држење.

Јасно е дека оценката за непријатните провокации и она што се случи потоа не треба да биде еднострана, туку врз основа на причинско-последична врска“, се заклучува во соопштението.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk