Денес, сабота, 1 февруари во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност која попладне ќе се зголеми. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Максималната температура во Битола до 10 степени.
Утре, недела, 2 февруари, во Битола времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во Битола до 11 степени.