Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег беше забележан на трибините на натпреварот помеѓу Рома и Јувентус (1:1) минатиот викенд. Ова веднаш ги поттикна шпекулациите дека специјалистот можеби е таму за да преговара со еден од двата клуба кои од летото бараат нов тренер. Сепак, се покажа дека вистината е сосема поинаква.
Тен Хег беше на Олимпико на покана на дефанзивецот на Рома, Девајн Ренш. Двајцата се во добри односи, а токму под Тен Хаг младиот дебитираше во првиот тим на Ајакс на 17 години и тие продолжуваат да одржуваат добри контакти до ден-денес.
Според холандските медиуми нема ништо сензационално во посетата на Тен Хаг на Рим. Тој беше таму со агентот на Ренш и двајцата го поминаа денот заедно, а подоцна присуствуваа и на дербито помеѓу Рома и Јуве, но само за забава.