• вторник, 29 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти

Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти

Скопје, 30 март 2025 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека зголемување на платите во образованието од седум проценти ќе има во април и оти тоа, покрај за наставниот кадар, ќе важи и за сите вработени во основните и средните училишта.

-За жал се појавија бројни шпекулации на социјалните мрежи дека нешто не е во ред со покачувањето на платата. Тоа не е точно, одговорно тврдам дека и оваа година, како и претходните, наставниците ќе си добијат поголема априлска плата за 7 проценти, рече министерката Јаневска одговарајќи на новинарско прашање пред одржувањето на третиот Женски Економски Форум во Скопје.

Таа дополни покачувањето ќе важи и за сите останати вработени во училиштата и во основното и во средното образование. сст/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан