Press "Enter" to skip to content

Соопштение од кошаркарскиот клуб Пелистер

Изненадени сме од последните локални „чаршиски муабети“ кои се појавуваат во битолската јавност. Во период на резултатска криза, наместо сите сплотено да бараме начин за враќање на победнички патеки, некому (и тоа во спортска Битола) упорно му пречи КК Пелистер.

Нашето функционирање како клуб е максимално отворено за јавност, единствен сопственик на клубот е Општина Битола, која стои зад целиот проект. Работата тече беспрекорно благодарение на беспрекорниот однос меѓу Општина Битола и генералниот спонзор „Taskforce“, кои заедно со уште неколку помагатели на клубот заеднички даваат придонес за оваа успешна спортска приказна во нашиот град. На сите душегрижници треба да им биде јасно, сметката на клубот и средствата на неа се користат исклучиво за покривање на трошоците за активностите на КК Пелистер. Буџетот на клубот е изгласан јавно од страна на Советот на Општина Битола, на максимално транспарентен начин.

На овие „чаршиски муабети“ и шпекулации гледаме како на неуспешен обид да се внесе немир во клубот кој од година во година расте се повеќе и веќе стана препознатлив бренд на кошаркарската сцена. Обидите целата приказна да се турка во некаква политичка кампања се крајно неуспешни, бидејќи фукнционирање на КК Пелистер е максимално транспарентно, согласно сите стандарди.

Затоа што големината на клубот несекогаш се гледа по моментните резултати, туку по стандардите во однесување и функционирање што ги поставува. А во тоа, Пелистер е пример не само во македонската кошарка, туку и пошироко во регионот. КК Пелистер нема да доволи да биде искористен за предизборни политички кампањи.

Затоа, ова е наше последно обраќање на ваква тема, во иднина сите слични обиди ќе бидат целосно игнорирани, бидејќи на политиката не и е место во спортот.

Со почит,

КК Пелистер

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »