Бизнис
НОВАТА ГЕРМАНСКА ВЛАДА ЌЕ ГО ОГРАНИЧИ ПРИЛИВОТ НА РАБОТНИЦИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН?
03.04.2025
Новата германска влада, која треба да ја формира Фридрих Мерц, би можела да го ограничи таканареченото правило за Западен Балкан, кое дозволува работници од неколку балкански земји да доаѓаат во Германија.
На Германија и требаат работници, најмалку 400.000 годишно, велат експертите. Една од можностите овие луѓе да дојдат во Германија е таканареченото правило за Западен Балкан. Под новата влада со Мерц на чело, тоа правило може да биде значително ограничено.
Овие посебни прописи им дозволуваат на луѓето од Албанија, БиХ, Црна Гора, Македонија и Србија да дојдат на работа во Германија без никакви проблеми. За тоа не им треба стручно образование или квалификација и доволно е да имаат понуда за работа и одобрение од Федералната агенција за труд и вработување.
Правилото беше воведено во 2015 година со цел да се намали бројот на барања за азил од овие земји и да им се даде можност на луѓето редовно да пристапуваат до пазарот на трудот, пренесува Политика.
Во 2024 година, владата на Олаф Шолц не само што го продолжи правилото за Западен Балкан, туку и ја зголеми квотата за давање работни визи од 25.000 на 50.000 годишно.
фото freepic