• Горан Упале

Спорен момент го одбележа и финишот од првиот дел меѓу Тиквеш и Шкендија. На пауза се замина со почетниот резултат, а во 45. минута главниот судија Јован Качевски поништи погодок за домаќините.
Миловановиќ го совлада Амзаи, но Качевски уште пред да биде упатен ударот кон тетовскиот гол ја прекина играта и досуди индиректен удар за Шкендија. Според главниот судија, Садик играл опасно и затоа не дозволи играта да продолжи.
Напаѓачот на кавадарчани бурно реагираше и заработи жолт картон, а кавадарчани своето незадоволство го искажаа и за време на заминувањето на судиите во соблекувалната, па мораше да реагира полицијата.