• Горан Упале
Словенечкиот кошаркарски ас Лука Дончиќ заврши во првите редови на „Форумот Федекс“ во победата на неговиот тим над Мемфис (134-127).
Се играше последната минута од натпреварот кога беше направен неспортски прекршок врз ѕвездата на „езерџиите“, по што тој заврши на клупата за резерви на противничкиот тим.
„Доста ми е од ова срање“, беше она што можеше да се прочита од усните на Дончиќ додека лежеше меѓу столовите.
"I'm so over this sh*t."
Luka Doncic after he dived for the ball pic.twitter.com/aX4qX51inM
— ClutchPoints (@ClutchPoints) March 30, 2025
Дончиќ натпреварот го заврши со 29 поени, осум скока и девет асистенции. Лејкерси со оваа победа го прескокнаа Мемфис за четвртото место во Западната конференција.