Црвена Звезда со поени од слободни фрлања во последната секунда, го победи Партизан во 24. коло во Евролигата со 73-71. „Црвено-белите“ го имаа последниот напад за победа, а Недовиќ беше фаулиран од Браун во миговите кога шутираше за тројка во последната секунда, па доби три слободни фрлања.
Натпреварот беше онака како што се и очекуваше. Полна Белградска Арена, двата тима се менуваа во водство, но ниту еден не успеа да направи сигурна предност со која би ја осигурала победата предвреме. Црвена Звезда во последната четвртина ги имаше највисоките +6, но Партизан успеа да стигне и да влезе во финишот со „егал“.
Недовиќ во последниот напад уфрли две од трите слободни фрлања, последното можеби и намерно го промаши, за да не му дозволи на Партизан да креира добар напад.
Петрушев со 17 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, а кај Партизан Џонс постигна 20.
Претходно Олимпијакос на домашен терен го победи Анадолу Ефес со 92-89.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА