Македонија

Метео: Облачно и студено, со повремени врнежи од дожд и снег

До петок ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време со повремени врнежи од снег. Викендов следува постабилно време, со пониски утрински температури

Денеска се очекува да биде променливо облачно и студено со повремен локален снег во северните делови од земјата, а во југоисточните со повремен дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Ќе дува посилен ветер од северен правец, а наместа ќе биде со брзина од над 60 километри на час“,

предвидуваат синоптичарите.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4 степени, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.

Во Скопје, пак, ќе врне и дожд и снег. Попладне врнежите ќе престанат.

„Минималната ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени“,

велат од УХМР.
До петок ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време со повремени врнежи од снег. Викендов следува постабилно време, со пониски утрински температури.

 

Тагови

Поврзани вести