Ја знаеме тајната за добриот изглед на Џенифер Анистон

15 мај 2024

Во февруари наполни 55 години, а на најзиниот фит изглед завидуваат и многу помлади дами.

Џенифер Анистон честопати знае да сподели видеа од нејзините тренинзи доловувајќи им на своите следбеници како се грижи за извајаното тело.

Холивудската ѕвезда со децении практикува посебен начин на исхрана и има свој фитнес режим коишто мораме да признаеме се прилично ефективни.

Анистон утрото го започнува со јаболков оцет разреден со вода на собна температура, а потоа пие кафе.

Појадокот главно ѝ се состои од авокадо и јајца, а често знае да јаде и овесна каша.

Од smoothie напитоците омилен и е комбинација на банана, вишна, боровница, стевија, какао во прав и некој зеленчук, а понекогаш знае да додаде и колаген во прав.

Актерката руча помеѓу еден и два часот попладне, а тоа најчесто е зеленчук со протеински додаток. Во една прилика има изјавено дека конзумира секаков зеленчук освен цвекло.

За ужина јаде јаболка со путер од бадем или пуканки. Кога доаѓа викенд тогаш е време за мало опуштање, па пријателката нарачува пица, бургер или паста.

Секако тука е и водата којашто Џенифер ја пие во големи количини.

Покрај храната таа во последно време активно вежба пилатес, а се придржува и кон Pvolve вежбите коишто вклучуваат помалку мускули и се фокусираат на одржување на рамнотежата.

Објавено:
15 мај 2024
Категорија: 
Здравје