ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
31.05.2024
Tribute koncert Тоше Проески – на 6 јуни во Дом на Млади

Концерт во чест на Тоше Проески ќе се одржи на 6 јуни во 20 часот во Домот на млади во Штип, на кој познати македонски пејачи ќе ги изведуваат песните на Тоше, во придружба на ФИС бенд.

-Концертот во чест на Тоше Проески ќе се одржи на 6 јуни, четврток, во Домот на млади во Штип. Во текот на целиот тој ден ќе има низа на активности. Од 10 до 16 часот ќе се организира крводарителска акција под мотото „Биди хуман како Тоше“. Во 19.30 започнува премиерата на документарниот филм кој е снимен за Тоше, српска продукција, под наслов „Једини“. На премиерата ќе присуствува и самата режисерка на филмот, Катарина Миловановиќ, со нејзиниот тим. Потоа следува настапот на дечињата од хорот на „Весело штурче“ со солистот Лора Стевановска, кои ќе испеат неколку рефрени од Тоше, по што стартува главниот настан, под мотот „Ноќ на емоции“. На концертот ќе настапат повеќе од 15 музички ѕвезди од македонската естрада – изјави Горан Стаменков, организатор на концертот.

Песните на Тоше, филмот „Једини“, хуманитарен карактер – во духот на ликот на Тоше Проески

Филип Стевановски со својот ФИС бенд ќе ги свири нумерите од Тоше, кои ќе бидат изведени од познати македонски пејачи.

-Кога ми се јави Горан, да ги изведуваме песните од Тоше, влеговме прилично наивно, во стил , Тоше, супер, лесно песни, ги знаеме, не е проблем. Сепак, навистина музиката која ја има Тоше е доста захтевна и доста обемна во нејзината форма, и за да се изведе она што навистина треба на овој концерт, нашата одговорност е премногу голема, и ќе се потрудиме 90-95% од студиските верзии на песните на Тоше да бидат изведени таа вечер на концертот. Тоше заслужува таа вечер да бидеме тука, да го испочитуваме неговото дело и на најмалите да пренесуваме што е вистинска вредност, што е вистинска музика и што е Тоше Проевски никогаш да не се заборави, бидејќи како што сите велиме, Тоше има само датум на раѓање – рече Филип Стевановски.

Да имаме барем мал дел од енергијата на Тоше, светот ќе е многу поубав

Еден од учесниците на концертот, а и голем фан на Тоше е штипјанецот Зоран Илиев кој рече дека му е чест да биде дел од овој концерт.

-Би сакал да упатам апел вакви концерти да се одржуваат што почесто, зошто да не и повеќе пати годишно, бидејќи Тоше пред се беше човек што ни даде правец како треба сите да бидеме хумани, да помагаме на тие што им е најпотребно, а колку беше голем музичар и колку беше добар пејач, тоа буквално со светски ѕвезди може да се рамни. Имав чест да го видам Тоше Проески два пати во мојот живот, еднаш додека играв фудбал, тој дојде на местото каде што игравме да не поздрави,  и на неговиот последен концерт , така да енергијата која ја носеше тој во него , барем 5 проценти од тоа да имаме сите ние, светот едноставно би бил поубав – изјави Зоран Илиев.

Организаторите на концертот во чест на Тоше објавија дека концертот ќе има и хуманитарен карактер. Дел од средствата ќе бидат донирани за реконструкција на укицата „Тодор Проески“ во Крушево, тоа е централната улица во Крушево, а дел ќе бидат наменети и за лекување на младата Сибел Омерова. И на самиот концерт , и во текот на целиот тој ден, ќе бидат поставени пунктови на кои ќе може да се донираат средства за лекување на Сибел Омерова.

Во недела, 27 април, трето издание на „Супериор ранс-Стани, трчај“
Истражувања: ​Преку 95% од обложувачите на спортска долгорочно се во загуба