
СВР Штип – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Г.Б.(30) од Романија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
-На 02.04.2025 во Пробиштип, пријавениот на 72-годишен маж му продал комплет кујнски прибор за сума од 970 евра, на тој начин што го довел во заблуда дека е оригинален производ на познат бренд. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода, по што во службен разговор во полициска станица го признал делото и ги вратил парите, информира МВР.
Од Основен суд Штип пријавениот е осуден и му е изречена казна – протерување на странец од територијата на државата во траење од три години.