ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
22.03.2024
Преку глава ми е од корупцијата
Автор: Goce Author

Корупцијата и борбата против неа се лајт мотив на општествениот и политичкиот живот во Македонија со години, но во делот на борбата најмногу се вклучува граѓанскиот сектор. Срушената доверба во правосудниот систем, многуте корупциски скандали, покажуваат дека се потребни сериозни промени во многу области, за да се намали корупцијата.

Програмата „Граѓаните против корупцијата“ оваа сабота, 23 март, од Штип ќе го започне караванот со настани насловени „Преку глава ми е од корупцијата. Исти настани ќе се организираат и во Гостивар, Кичево и Крива Паланка. Граѓаните во наведените градови ќе имаат можност да се информираат како активно да се вклучат во борбата против корупцијата преку различни активности.

На овие средби граѓаните ќе имаат можност да се едуцираат за препознавање на злоупотреби и можностите за пријавување на корупција. За младите ќе бидат организирани отворени дискусии на тема корупција. Дел од нив ќе можат да го проследат форум театарот посветен на истата тема. Вклучени се и Медиумските партнери од програмата.  Тие ќе ги информираат граѓаните за важноста на споделувањето информации и пријавувањето на потенцијалните случаи на корупција.  Целта е да помогнат во медиумските истражувања. Стопанската комора на Северна Македонија ќе организира средби со локалните претставници од приватниот сектор.

Распоред на настани:

23 март плоштад „Слобода“ – Штип 11:00-14:00 https://fb.me/e/5dbxaeVop

26 март „Општински парк“ – Гостивар 14:00-17:00

29 март пред Музеј на „Западна Македонија во НОБ“-Кичево 14:00-17:00

30 март „Градски плоштад“- Крива Паланка 11:00-14:00

Овие настани се организираат во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата“ со поддршка од УСАИД. Ги имплементира Македонскиот центар за меѓународна соработка МЦМС, во партнерство со Центар за граѓански комуникации ЦГК, Институт за демократија „Социетас Цивилис“- Скопје, Стопанска комора на Северна Македонија, 360 степени, БИРН и Истражувачката репортерска лабораторија ИРЛ. Повеќе информации за програмата кликнете на следниот линк:

https://linktr.ee/protivkorupcija?fbclid=IwAR310NDzcYeO3EGcXXT-kg5jkFa7ZtDciSZsTbm37ZU7K-FBuIHB117StRs

Во недела, 27 април, трето издание на „Супериор ранс-Стани, трчај“
Истражувања: ​Преку 95% од обложувачите на спортска долгорочно се во загуба