• Горан Упале
Екипата на Славен Белупо се пласира во финалето на Купот на Хрватска и тоа пред својата публика по изведувањето на пеналите славеше над Осијек, откако по 120 минути игра мрежите мируваа во Копривница.
Го овој голем успех на Славен Белупо секако дека има нашиот поранешен репрезентативец Илија Несторовски. Некогашниот голгетер на Палермо и Удинезе и на 35 години ги одигра сите 120 минути, а потоа имаше сили и доволно концентрација да погоди од најстрога казна.
Токму Несторовски го отвори пенал-рулетот за својот тим, а откако Шуто промаши, Осијек во третата серија влезе со предност. Сепак, во четвртата и петтата Солдо и Хернани не ги реализираа ударите од единаесет метри, а на спротивната страна фудбалерите на Славен шутираа без грешка, па домашниот тим заслужено го продолжува походот кон Куп-трофејот.
- Извештај од натпреварот:
Противник на Славен Белупо во финалето ќе му биде подобриот второто полуфинале меѓу Ријека и Истра.