Хроника

Скопјанец уапсен во Кичево, возел пијан

Скопјанец уапсен во Кичево, возел пијан

На 12.04.2025 година околу 01 часот, во ОВР Кичево лишен од слобода е И.Ј.(35) од Скопје.

-При сообраќајна контрола извршена на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, полициските службеници констатираа дека тој, управува моторно возило „Фиат“ со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 од Кривичниот законик „ Безобзирно управување со моторно возило“.

To top