Арсенал го „понижи кралот“, Интер со предност си оди од Минхен (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал му го нанесоа на Реал Мадрид еден од најтешките порази во 21. век во Лигата на шампионите откако вечерва на домашен терен славеа со 3-0 во првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч.

Деклан Рајс го одигра најдобриот натпревар во кариерата постигнувајќи два гола од слободен удар во 58. и 70. минута. Конечните 3-0 беа дело на Мерино во 75. минута.

Alternate angle of second Declan Rice free kick against Real Madrid
byu/Rayan2550 insoccer

Интер стигна до полн плен на гостувањето кај Баерн Минхен на „Алијанц арената“ од 1-2. Гостите поведоа со 0-1 со прекрасниот погодок на Лаутаро Мартинез во 38. минута. Домаќините израмнија на 1-1 преку Томас Милер во 85 минута, додека конечните 1-2 ги постави Фратези во 88. минута.

Bayern Munich 1 – [2] Inter – D. Frattesi 88'
byu/etclassico insoccer

Се вчитува...