• Мартин Танасковски
Екипата на Лион забележа голема домашна победа над Лил (2-1) и така скокна на четвртото место на табелата во Лига 1.
„Лавовите“ славеа над директниот конкурент и воедно го искористија киксот на Ница. Долго време Лион не е во елитното друштво, но оваа сезона борбата е да се врати таму.
До дерби победата Лион дојде иако губеше на стартот. Уште во воведната минута, Диаките донесе предност за Лил и студен туш на „Олимпискиот Парк“. Пред крајот на првиот дел, Лаказет израмни на 1-1 од пенал, а победата ја донесе Черки во 70. минута по додавање на Толисо.
Лион е четврти со 48 бода, а Лил е шести со 47 бода. Во следното коло „лавовите“ гостуваат кај Оксер, додека „догите“ патуваат кај Тулуз.
- Брест - Монако 2-1:
Претходно, Монако загуби на гостински терен кај Брест (1-2). Домашниот тим поведе во 42. минута со автоголот на голманот Кон, а во 63. минута Монако дојде до израмнување преку Закарија. И кога сите чекаа крај, во 94. минута, Камара погоди за голем домашен триумф.