Connect with us

Банки

НЛБ Банка со донација за поддршка на акциите за гаснење на пожарите во земјата

Објавено

на

НЛБ Банка обезбеди донација во вид на финансиска помош за потребите на населението погодено од разорните шумски пожари кои летово зафатија голем дел од територијата на Македонија. Донацијата е спроведена преку сметката на солидарноста на организацијата на Црвениот Крст.

Воедно, Банката преку дополнителна донација за набавка на опрема ќе ги поддржи и активностите на храбрите волонтери на „Доброволното Противпожарно Друштво – Пехчево“, кои со денови и неуморно се борат со огнените стихии.

Како дел од постојаната заложба на Банката за поддршка на заедницата и управување со животната средина, овој придонес има за цел да ги обезбеди многу потребните ресурси за оние кои ги ризикуваат своите животи и делуваат во исклучително тешки услови за да ги заштитат нашите заедници и животите на луѓето во погодените подрачја. 

„Овие донации се дел од нашата подготвеност за помош при катастрофи и придонес за благосостојба во заедницата во која живееме и делуваме, но и пошироко во регионот, кој не е само точка на мапата, туку наш дом за кој сите подеднакво имаме одговорност. Упатуваме огромна благодарност до сите луѓе – професионалци и волонтери, организации и институции вклучени во гаснење на пожарите и топли пораки за поддршка на локалното население кое живее во погодените подрачја, со искрени желби нивните животи што поскоро да се вратат во нормала“ – истакнуваат од НЛБ Банка.

Речиси секоја година, во летниот период, Македонија ја зафаќаат шумски пожари кои зад себе оставаат пустош и ненадоместлива загуба. Шумите се „белите дробови“ на нашата планета и од витално значење за нашиот опстанок. Обезбедуваат чист воздух, ја поддржуваат биолошката разновидност и се борат против климатските промени. Секое дрво што ќе го зачуваме навистина прави разлика.

„Преку одговорно локално делување, сите заедно даваме придонес кон заложбите на глобално ниво за справување со предизвиците на модерниот свет: климатските промени, загадувањето на воздухот, заштита на животната средина и биодиверзитетот, како и одржливоста на нашата планета.  Важно е да го заштитиме нашиот природен свет за нас, но и за генерациите кои доаѓаат“ – додаваат од Банката.

Банки

Тројна победа за Халкбанк АД Скопје на Socialize Festival 2025!

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје уште еднаш ја потврди својата водечка позиција во областа на дигиталната комуникација, освојувајќи три престижни признанија на годинашниот Socialize Festival – настан кој го слави креативниот дух и иновациите во дигиталниот маркетинг.

Дигитален дизајн на годината за мобилната апликација Halk EZ, во соработка со Effectiva;
Најдобро кратко маркетинг видео за кампањата Fidesmo Pay, со креативната поддршка на актерот Сашко Коцев;
Најкреативна кампања на социјални медиуми за Start-Up Package, реализирана во соработка со агенцијата McCann Skopje.

Со оваа тројна победа, Халкбанк уште еднаш ја демонстрира својата посветеност кон иновативни, кориснички ориентирани решенија и континуирана дигитална еволуција.

„Горди сме на нашите партнери и тимот кој стои зад овие успешни проекти. Продолжуваме да ги поместуваме границите на креативноста и дигиталната експертиза“, велат од Халкбанк.

Овие признанија се уште една потврда за стратегиската насоченост на Халкбанк кон дигитализацијата и современ и креативен пристап во комуникацијата со клиентите.

Продолжи со читање

Банки

ЕЦБ размислува за ревизија на стратегијата за монетарна политика

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) разгледува потенцијална промена на својот пристап во спроведувањето на монетарната политика, со цел да овозможи побрза и пофлексибилна реакција на евентуални нарушувања во цените, пренесува „Reuters“, повикувајќи се на неименувани официјални лица вклучени во подготовките.

Раководниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ) за првпат формално ќе дискутира за можна ревизија на стратегијата на неформална средба закажана за 6 и 7 мај во португалскиот град Порто. Средбата доаѓа во контекст на променливи глобални економски услови и зголемена потреба од приспособливост на политиките во еврозоната.

На агендата ќе бидат и резултатите од две работни групи кои работат на проценка на актуелната стратегија за монетарна политика, како и анализа подготвена од Комитетот за монетарна политика. Во комитетот членуваат водечки економисти од ЕЦБ и претставници на централните банки на земјите-членки на еврозоната.

Овој потег би можел да означи значаен пресврт во начинот на кој ЕЦБ пристапува кон поставување и прилагодување на своите монетарни алатки, особено во светло на неодамнешните инфлаторни предизвици и растечкиот притисок за одржување на ценовната стабилност во еврообласта.

Продолжи со читање

Банки

Средба со заменикот на генералниот директор на ММФ: Силна и независна централна банка – клучот за одржување на стабилноста во услови на неизвесност

Објавено

на

„Народната банка спроведе навремени и соодветни монетарни и макропрудентни мерки, коишто овозможија стабилизирање на инфлацијата, одржување стабилен курс на денарот и зајакнување на финансиската стабилност. Сепак, со оглед на високата геополитичка неизвесност важно е да се продолжи со внимателни макроекономски политики, но и со натамошно јакнење на институциите. Во овој контекст од огромно значење е да се зачува независноста на централната банка.“ Ова беше истакнато на средбата меѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и заменикот на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, на маргините на Годишните средби на ММФ и Светската банка. На средбата присуствуваше и министерката за финансии Гордана Кочовска Димитриевска.

Во услови на светски ценовни шокови и нестабилност, Народната банка одговори со обемен сет мерки, коишто вклучуваа интервенции на девизниот пазар, приспособување на каматните стапки, задолжителната резерва и макропрудентни ограничувања. „Со овие мерки не само што постигнавме значително намалување на инфлацијата на едноцифрено ниво, туку и обезбедивме стабилност на девизниот курс и стабилни и зајакнати биланси на банкарскиот сектор“, истакна Ангеловска-Бежоска.

На средбата, посебен акцент беше ставен на последните геополитички случувања, коишто создаваат нова неизвесност во светската економија и на светските финансиски пазари. Беше истакнато дека во вакви услови, за малите економии отворени кон светот е особено важно водењето сигурни политики, создавањето простор за реакција на потенцијалните шокови и постоењето на силни институции. Токму во овој контекст, акцентот беше ставен на натамошното унапредување на законската рамка за Народната банка во согласност со највисоките меѓународни стандарди. Сето ова придонесува за јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка и за зголемување на нејзината транспарентност и отчетност.

Продолжи со читање

Популарно