Ролат подготвен за еден час
Состојки:
- 200 гр маргарин
- 200 гр шеќер
- 50 гр чоколадо
- 350 гр мелени бисквити
- 1 кесичка инстант кафе измешано со 15 лажици топла вода
- 100 гр шеќер во прав
- 1 ванилин шеќер
- 150 гр кокос
Подготовка:
За потемниот дел: 50 грама маргарин се мати со шеќерот и ренданото чоколадо. Додадете мелен бисквит прелиен со кафе. Соединете ја смесата, па обликувајте ја во правоаголник на целофанот.
За посветлиот дел: Преостанатиот маргарин изматете го со шеќерот во прав, ванилиниот шеќер и кокосовото брашно. Добиената маса премачкајте ја со правоаголната потемна смеса и завиткајте со целофанот.
Оставете во фрижидер да се стегне.