еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Полицијата, а не ПОЦ, одбивала да го подигне возилото во Дебар Маало, велат од Општина Центар

Полицијата, а не ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ), одбивала да го подигне возилото во Дебар Маало, реагираа денеска од Општина Центар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Граѓани натераа пајак служба да крене неправилно паркирано „порше“

„Отстранувањето на непрописно паркираните возила е по налог на службено овластено лице. Во случајов нашите вработени воопшто не го стопираат кревањето, туку едноставно чекаат налог од страна на службеното лице, полицаец.

По добивање на истиот веднаш постапуваат и го креваат возилото. Тоа впрочем и го објаснува службеникот од ПОЦ во самото видео.

Благодарност до екипите на ПОЦ кои неуморно работат на санкционирање на несовесни возачи. Ја поздравувам и активноста на граѓаните кои бараат санкционирање на сите оние коишто со своите возила ги блокираат улиците и велосипедските патеки во Центар.

Истовремено, недозволиво е полициски службеник да не сака да си ја врши својата работа. Барам од МВР да ги санкционира полициските службеници кои не постапуваат при очигледни прекршоци. Недозволива е селективноста при казнување на граѓаните“, велат од Општината.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 1.498 лица до 19 години во Македонија се заразиле со Ковид-19

Редакција

Нови 1.312 случаи на Ковид-19 од 3.836 тестирања

Редакција

По референдумот: Русија внимателно ја следи состојбата во Македонија, очекува да се почитува законот

Редакција