Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од престојува во официјална посета на Република Азербејџан, каде се предвидени средби со државниот врв на Азербејџан и учество на 12. Глобален форум во Баку.

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утрово во Баку беше примена од претседателот Илхам Алијев, со што започна нејзината официјална посета на Република Азербејџан.

Двајцата претседатели имаа тет-а-тет средба, по што ќе следи пленарен состанок на двете делегации.
Ова е прва официјална посета на македонски претседател на Азербејџан.
