📽Легендарна сцена на Вал Килмер од „Жештина“ се користи за обука на американските маринци

од Vladimir Zorba
58 прегледи

Една од најнапнатите престрелки во историјата на филмот – легендарната престрелка од акциониот трилер на Мајкл Ман „Жештина“ – е толку реална што се користи во обуката за оружје на американскиот маринци.

Во филмот од 1995 година, Ал Пачино го портретира поручникот од ЛАПД Винсент Хана, а Роберт Де Ниро го портретира криминалецот Нил Меколи, водач на банда ограбувачи на банки. Ова беше првиот филм во кој Пачино и Де Ниро се појавија заедно во исти сцени и покрај тоа што претходно глумеа во „Кум II“. Во филмот глумеше и Вал Килмер, кој почина денеска на 65-годишна возраст.

Особено позната сцена од филмот се случува откако Меколи и неговата екипа ограбуваат банка, за веднаш потоа да бидат пресретнати од полицијата на улиците на Лос Анџелес. Следи интензивна престрелка која е снимена со таков степен на автентичност што денес им се прикажува на воените регрути како дел од нивната обука.

Слични содржини