РАЗРЕШЕНАТА ДИРЕКТОРКА НА ПОШТА СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КХВ – долги години работела во ова државна институција, еве ги деталите

Објавено во: Економија 16 Април, 2025 07:37
Комисијата за хартии од вредност наскоро со нова претседателка. Владата по одржана седница на Собранието му ја предлага Бујаре Абази за идна претседателка на Комисијата. Согласно законите Комисијата се составена од пет комисионери – членови од кои еден е претседател.
Функцијата претседател може да престане единствено со поднесување оставка на претседателот или негово разрешување од страна на Собранието, кое е надлежно и да го именува. Во случај кога претседателот поднесува оставка, тој ја врши истата функција се додека Собранието на предлог на Владата не избере нов претседател за остатокот од мандатот.
Претседател на Комисијата треба да биде државјанин на земјава, да има високо образование и да е експерт од областа на финансиите и деловното право. Исто така да има меѓународен сертификат за познавање странски јазик, пет години искуство, да не е член на политичка партија или на управен одбор или надзорен одбор ...
Исто така претседателот не смее да поседува акции, односно не треба да е акционер со над 5 проценти учество во акции со право на глас во акционерско друштво со посебни обврски за известување и 25 отсто од издадените акции на кое било друго акционерско друштво, ниту пак смее да биде функционер кој раководи со државен орган.
- Со оглед на тоа што досегашниот претседател на Комисијата за хартии од вредност, Нора Алити има поднесено оставка и местото е испразнето, Владата на 28 март 2025 година објави Јавен оглас за избор на еден професионално ангажиран комисионер – претседател на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. На огласот беа пристигнати две пријави. Согласно наведеното, Владата заклучи да му предложи на Собранието, Бујаре Абази да ја избере за комисионер, Претседател на Комисијата – се наведува во предлогот доставен во Собранието.
Во рамки на документите испратени заедно со предлогот на Владата, може да се види дека Абази има над 20 години работно искуство. Меѓу другото од документите може да се види дека Абази била во редовен работен однос на неопределено време во Пошта на Македонија, во период од 2000 година се до изборот. Таа била советник на генералниот директор, инспектор за внатрешна контрола, како и генерален директор на АД Пошта. Има работено и во Секторот за економско и финансиско работењето и бројни други функции.
Јавноста ја памети Абази и како директорката на Пошта, која на таа позиција дојде на почеток на 2023 година, но беше разрешена откако се појавија информации дека и покрај доцнењето на платите во АД Пошта, таа донела одлука да се зголемат платите на раководните функции, меѓу кои и нејзината. Во моментите на разрешувањето, медиумите пишуваа дека Абази била и потпретседател на Алијанса на Албанците од скопските редови.
- Би сакала да истакнам и да ги уверам сите учесници на пазарот на капитал, дека мојата визија како прв меѓу еднаквите членови на Комисијата ќе биде исклучиво во функција на продолжување на пазарниот континуитет, добрата пазарна пракса и ефикасно законско усогласување.
Исто така внимателно ќе го следам и слухот на пазарната заедница за тоа дали и колку се целосно подготвени да пристапат во процесот на усогласување со новите закони за пазарот на капитал. Доколку се заклучи дека периодот на влегување во сила на новите закони до нивното применување е прекус или има подобри и попрагматични начини, мојот ангажман ќе биде фокусиран и во тој поглед и прифаќање на се што е во интерес на пазарните учесници – истакна Абази во мотивациското писмо.
Во документите кои Абази ги доставила до Владата се истакнува дека таа не е член на органи на политичка партија, не е член на Управен или Надзорен одбор или други одбори поврзани со Комисијата за хартии од вредност, каде супервизија врши Народна Банка.
Абази на некој начин доаѓа од политичката коалиција „Вреди“. Таа кратко време беше и заменик градоначалничка на Град Скопје, но ја напушти оваа позиција.
За потсетување и понатаму останува енигма зошто функцијата претседател на Комисијата ја напушти Нора Алити, која го доби вториот мандат и остануваа уште три години од функцијата. Фактор веќе објави за сите дилеми кои се наметнаа во периодот на оставката на Алити.
Мандатот на сите членови на Комисијата е пет години и имаат можност да бидат повторно избрани. Двајца членови се вработени во Комисијата, додека останатите тројца се надворешни челнови кои се ангажираат за работи во Комисијата и добиваат надомест. Вработените членови не смеат да имаат друга функција и да бидат вработени на друго место, или да добиваат надоместок, освен платата како комисионери.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
САКААТ ДА ЗАПРЕ ОДЛИВОТ НА РАБОТНИЦИ: Босанските синдикалци бараат минималец од околу 600 евра

Состојбата со електричната енергија под постојан надзор – Координирана акција на клучните институции

ЦАРИНИТЕ ЗА НИВ СЕ ЛУДОСТ И КАПРИЦ: Дванаесет американски држави ја тужат администрацијата на Трамп

СРПСКИ МЕДИУМИ: ДО ГРЦИЈА СЕГА ЌЕ СЕ СТИГНУВА МНОГУ ПОБРЗО - на граничниот премин Дојран отворени две нови ленти, зголемен е протокот на патници
Убави вести за акционерите на „Макпетрол“! За три месеци добивката е 2,78 милиони евра

ЕВЕ КАКО РАБОТЕЛЕ ФИРМИТЕ ЧИИ ГРАДЕЖНИ ЛИЦЕНЦИ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГИ ОДЗЕМА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ - 49 од нив имаат актуелни договори за јавни набавки

ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ЌЕ БИДАТ ВЛОЖЕНИ ВО НОВИ ХОТЕЛИ: Во Хрватска доаѓаат Хајат, Хилтон, Мериот, Акор...

ПРОДОЛЖИ ДА ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА ТЕСЛА: Еве што се случува

Финансиска полиција откри „семкар“ кој затаил 200.000 евра
