Јавните обвинители од тимот кој ја води предистражната постапка континуирано преземаат повеќе истражни дејствија за обезбедување докази.
Такви дејствија, кои вклучуваат распити, анализи и вештачења од голем обем и во однос на повеќе различни институции се во тек и денеска.
Меѓутоа, за да се зачува тајност на постапката и да се спречи компромитирање на доказите обвинителството не е во можност во моментов да открива повеќе детали за активностите.