За нешто помалку од еден час почнуваат првите четвртфинални натпревари сезонава во Лигата на шампионите.
Тренерите на сите четири екипи се соочуваат со проблеми во дефанзивата пред вечерашните мечеви. Артета ќе мора да стартува со Кивиор и Луис-Скели во одбраната, додека во Реал Мадрид по долг период на левата бековска позиција се враќа Давид Алаба, додека десната бековска позиција ќе ја брани Федерико Валверде.
АРСЕНАЛ – РЕАЛ МАДРИД
АРСЕНАЛ: Раја, Тимбер, Салиба, Кивиор, Луис-Скели, Парти, Рајс, Едегард, Сака, Мартинели, Мерино.
РЕАЛ МАДРИД: Куртоа, Валверде, Асенсио, Ридигер, Алаба, Камавинга, Модриќ, Белингем, Винисиус, Родриго, Мбапе.
Баерн Минхен со третиот голман Урбиг на голот ќе се обиде да стигне до позитивен резултат против Интер. Баварците се сериозно десеткувани поради неклкуте повреди во одбраната, згора на тоа отпаднаа и Мусиала и Коман, па ретка шанса да стартува меч би требало да добие Томас Милер, кој пред само неколку дена го официјализираше заминувањето од „Алијанц Арена“ на крајот од оваа сезона.
Крпена ќе биде и одбраната на Интер, ако се знае дека стандардниот десен бек Дамфрис воопшто не отпатува зa Минхен, додека левиот бек Димарко ќе стартува од клупата за резерви.
БАЕРН МИНХЕН – ИНТЕР
БАЕРН: Урбиг, Лаимер, Дајер, Ким, Станишиќ, Кимих, Горецка, Олис, Гереиро, Сане, Кејн.
ИНТЕР: Зомер, Павар, Ачерби, Бастони, Дармијан, Барела, Мхитаријан, Чалханоглу, Аугусто, Мартинез, Турам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА