Отказот на Ван Нистелрој во Лестер е само прашање на време

Синоќешното фијаско и убедливиот пораз на домашен терен од Њукасл ќе биде и последен меч на Руд ван Нистелрој како предводник на Лестер, најавуваат англиските медиуми.

Холанѓанецот пристигна на клупата на „лисиците“ додека овој тим се наоѓаше на 16. место на табелата, а наместо да го разбуди поранешниот првак резултатите што Ван Нистелрој ги бележи се катастрофални. Поразот од Њукасл беше деветти во низа за Лестер, со што овој тим падна на претпоследното место на табелата. „Лисиците“ имаат осум порази на домашен терен, и тоа без ниту еден постигнат гол, уште една сериозна причина за незадоволство меѓу навивачите и управата на клубот.

Одлуката за смена на Ван Нистелрој е веќе донесена, а челниците на клубот бараат нов тренер, по што и официјално ќе се разделат од Холанѓанецот кој дефинитивно направи огромен чекор назад во тренерската кариера. Планот е новиот кормилар да пристигне најдоцна за 48 часа, по што би го водел тимот на гостувањето против Брајтон закажано за следната сабота.

Се вчитува...