Марк Маркез го сочува најдоброто за крај: Победа за перфектен викенд во Катар!

Марк Маркез ја продолжи доминацијата, победи на трката за Големата награда на Катар и го потврди перфектниот викенд на „Лусаил“. Шпанецот го сочува најдоброто за крајот на трката, па откако доволно ги сочува своите пневматици издоминира во финишот. Маркез имаше рекорд на патеката со најбрзиот круг во историјата. 

Иако тргна од првото место, Маркез падна во поредокот и дури беше третопласиран зад Морбидели и шамионот Бањаја. Сепак, добро ја темпираше формата за на крајот да биде најбрз и во финишот доминантно стигна до нова победа. Со ова Маркез го комплетира перфектниот викенд со пол-позиција, спринт победа и славје во главната трка со рекорд на патеката. 

На второто место заврши Маверик Вињалес кој направи подвиг и стана прв возач кој нема мотоцикл од Дукати кој заврши на подиумот оваа сезона. По двајцата Шпанци следуваа двајца Италијанци, Бањаја и Морбидели, а во топ десет беа Зарко, Алдегер, Алекс Маркез, Квартараро, Акоста и Бецеки.

Следната трка се вози за две седмици во Шпанија.