Се раситнува ли владината коалиција?

Тешко е кога е една партија, а камоли кога се четири во коалиција е коментарот на првиот човек на здраство Арбен Таравари, лидер на крилото на Алијанса за Албанците кое е дел од владејачката коалиција, Таравари откако вчера во интервју за 360 кажа дека од километар се гледало дека „Вреди“ е неусогласена, денеска тврди дека коалицијата „Вреди„ е стабилна, а тој нема намера да излезе од Влада. 

Останатата тројка од ВРЕДИ: движењето Беса, Алтернатива и Демократско движење уште синоќа излегоа контра Таравари и демантираа дека нема комуникација со ДУИ. Нешто што Таравари рече дека постои од сите . Од партијата на Изет Меџити децидни се дека не комуницираат со коруптивни партии.

- Демократското движење ги отфрла сите шпекулации дека има комуникација со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, нема и нема да има никаков вид соработка со партија потопена во корупција, каде нејзините главни фигури се ставени на црната листа на американскиот Стејт департмент за заробување на судството и злоупотреба на власта. - Демократско движење.

Со речиси  идентични позиции и од Алтернатива и Беса.

- Алтернатива смета дека нема ниту една причина или потреба за комуникација со партија впишана на американската ‘црна листа’ со нон грата личности, која Албанците ќе ја паметат само по корупција, криминал и злоупотреба на власта. 

Билал Касами најостар во Беса никој нема комуникација со ДУИ. 

-  Али Ахмети е единствениот виновник за состојбата на Албанците во Северна Македонија и колку побрзо се повлече во политичка пензија толку подобро за него и за Албанците. - Движење БЕСА.

Таравари стабилноста во Власта ја поткрепува со довербата на граѓаните според него моментално Владата има доверба од 70 отсто, додека 30 отсто се задоволни од ВЛЕН. Дали оваа несинхронизираност во ВРЕДИ како што ја нарекува Таравари може да доведе до раздор во коалицијата и настапат самостојно за претстојните локални избори од партиите што се дел албанскиот владејачки без конкретен одговор.