13. издание на Авицена женска трка


Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, денес со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи 13. издание на АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА.

Право на учество имаат сите припаднички на женскиот пол без ограничување на возраст.


Настанот е предвиден да се одржи по следниот редослед:
• 09.40 – Аеробик загревање
• 10.00 – Старт на трка на 3км
• 10.45 – Прогласување на најдобрите
• 11.00 – Доделување награди од лотаријата

По завршување на трката ќе има забава.


По прогласувањето на најдобрите, следува доделување на наградите од лотаријата, извлекувањето ќе се одржи во живо еден ден пред трката на местото каде што ќе се подигнуваат стартните броеви. Во лотаријата учествуваат сите пријавени учеснички во трката со стартен број. Подароците ќе бидат обезбедени од партнерите на трката.

Старт и цел на трката ќе бидат на бул. Илинден, во близина на Фонтана Лотос, а се трча еден круг од 3 км.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот легендарен басист Бодан Арсовски

Бодан Арсовски е роден во Куманово на 22 април 1956 година. Неговите родители рано се …