Lifestyle
Извлечени плеј-оф двојките за осминафиналето на ЛШ: Реал излегува против Сити во дербито, Баерн со тешко гостување во Шкотска
31.01.2025г.
На денешната ждрепка во седиштето на Европската федерација во Нион беа извлечени двојките за плеј-офот за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Дербито е меѓу Манчестер Сити, актуелниот англиски шампион и освојувачот на трофејот во 2023 година, од една страна и шампионот на Ла Лига и рекордерот по број на европски титули - Реал Мадрид. Другиот натпревар кој ќе привече внимание е оној меѓу актуелниот лидер во Бундеслигата - Баерн Минхен и повеќекратниот шампион на Шкотска - Селтик.
На некои тимови не им требаше плеј-офот за да ја минат првата рунда од борбата за европската круна, па директен пласман во Топ 16 веќе обезбедија Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Баер, Лил и Астон Вила.
Двојки за плејофот за осминафиналето:
Клуб Бриж – Аталанта
Спортинг – Борусија Дортмунд
Манчестер Сити – Реал Мадрид
Селтик – Баерн Минхен
Јувентус – ПСВ Ајндховен
Феенорд – Милан
Брест – Пари Сен Жермен
Монако – Бенфика
Распоред за нокаут фазата:
Плејоф: 11-12. и 18-19. февруари 2025 година
Осминафинале: 4-5. и 11-12. март 2025 година
Четвртфинале: 8-9. и 15-16. април 2025 година
Полуфинале: 29-30. април и 6-7. мај 2025 година
Финале: 31 мај 2025 година во Минхен.