Брат вознемирувал сестра, во виртуелниот и во реалниот простор, заврши во Полициска станица

Објавено на 10 јануари, 2025 во 12:56

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера во 16:40 часот, го лишиле од слобода Б.Т.(37) од Велес, постапуваќи по претходна пријава од неговата четири години помлада сестра за упатување на закани кон неа и нејзиното семејство во подолг временски период преку социјална мрежа.

Сестрата побарала полициска интервенција откако во текот на вчерашниот ден братот дошол пред нивниот дом и им тропал на прозор.

-Б.Т. бил задржан во Полициска станица Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License