Ледено невреме доаѓа кон Македонија: Се очекува силен ветер, дожд, снег и минусни температури

Денешниот ден донесе вистинска пролет во Македонија и сончево време во најголемиот дел од земјата, но во наредните часови следува бурна промена на времето.
Моќен циклон во овој момент носи обилен снег и силен ветер во источна и североисточна Европа.
Снегот и бурните ветрови како дел од студениот фронт стигнаа до северот на Романија и Словачка.
Во исто време, во Македонија се уште е топло, температурата во Скопје е 14 степени, а за само неколку часа студениот фронт ќе ја намали температурата за повеќе од 10 степени за многу краток временски интервал.
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ќе има продор на студена воздушна маса од север, кој ќе предизвика значителна промена на времето.
Ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките места од дожд и снег.
На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 сантиметри.
Ќе дува засилен северен ветер со брзина од над 70 километри на час и температурите значително ќе опаднат.
Во понеделник со засилен северен ветер наместа повремено ќе провејува слаб снег.
Потоа времето ќе биде стабилно и ветровито со утринските температури кои насекаде ќе бидат негативни и ќе се спуштат до минус 7 степени.
Кон крајот на следната недела се очекува постепен пораст на температурите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ледено невреме доаѓа кон Македонија: Се очекува…
Денешниот ден донесе вистинска пролет во Македонија…
Без промени на состојбата на повредените кои…
Кај 69 повредени во трагедијата во Кочани,…
Сопругата на Апасиев шокирана: Му отишла дома…
Му отишла дома полиција оти објавил дека…
Во ВЛЕН се анализира колку брзо можат…
Дека има проблеми во коалицијата ВЛЕН повеќе…
Белата куќа на X: Американците веќе ги…
Белата куќа на социјалната мрежа Х објави…