• Саше Љолес

Русинот Данил Медведев доживеа непријатна елиминација на Австралија Опен, откако загуби во пет сета од Американецот Лернер Тиен (3-6, 6-7/4, 7-6/8, 6-1 и 6-7/7).
Тиен го доби во своја полза маратонот кој траеше скоро пет часа и го исфрли петтиот светски тенисер, остваувајќи една од најолемите победи во кариерата. Медведев водеше со 3-1 во првиот сет и се чинеше дека ќе има рутинска задача, но од тој момент буквално престана да игтра и ривалот ги користеше сите негови грешки.
Американецот играше агресивно и често излегуваше на мрежата, а Медведев се загуби во овој пристап и делуваше дека има големи проблеми. Русинот немаше решение за ударите на Тиен, кои завршуваа на самата линија и на крајот мораше да се помири со пораз. Победникот од овој дуел во следното коло ќе игра против Французинот Корентин Муте.