Нов напад на Русија, Зеленски сподели фотографии од загинатите: Ова е терор, само со притисок од светот може да има договор


Целен руски ракетен напад врз Криви Рих бил изведен денеска, објави украинскиот претседател, Волдомир Зеленски.
„Сите потребни служби се на лице место, ги елиминираат последиците од гранатирањето и им помагаат на луѓето. Има жртви. Им се обезбедува медицинска нега. Засега се знае дека четири лица за жал го загубиле животот во овој напад. Сите загинати се цивили. Моето сочувство до семејството и најблиските. Секаде во светот ваквите напади се нарекуваат исто: тоа е терор. Тоа може да се запре само со доволен притисок врз Москва, врз рускиот систем, да ги принуди да се откажат од војната и теророт, а тоа зависи од партнерите – Америка, Европа и другите во светот“, напиша тој.
Според него, само со притисок од светот, може да има мировен договор и прекин на нападите.
„Сите такви руски напади докажуваат дека на Украина и требаат доволно системи за противвоздушна одбрана и ракети за да можеме да ги заштитиме сите луѓе во Украина од рускиот терор. Работиме со сите партнери за да го постигнеме ова и им благодариме на сите што ни помагаат. На сите што разбираат дека е потребен притисок врз Русија и стабилна поддршка за Украина“, додаде тој.
