Уставен суд го одби барањето на Апасиев против Џафери

Од:

– Уставниот суд го одби барањето на лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев поднесено против поранешниот претседател на Собранието Талат Џафери, кој, како што е наведено во барањето, сторил повреда на правото на политичко дејствување.

Апасиев во барањето наведува дека му се повредени уставно-загарантираните права, бидејќи претседателот на Собранието одбил да ја проследи иницијативата за распишување на дополнителен референдум до надлежните собраниски работни тела за прибавување мислење за уредноста на иницијатива и ја прогласил за неуредна.

Во барањето се наведува дека претседателот на Собранието го повредува и правото на забрана на дискриминација по основ на политичка припадност, па така подносителот бил доведен во нееднаква и понеповолна положба споредено со останатите политички субјекти.

Станува збор за Предлог-барање за покренување граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување задолжителен дополнителен референдум кој требало да овозможи понатамошно непречено собирање на уставно предвидените 150.000 граѓански потписи за распишување референдум со следното прашање: Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци бр. 08-3238/1 од 16 јули 2022 година.

Би можело да ве интересира

Апасиев: Интерпелацијата за Тошковски е законски заснована

А1он

​​​​​Апасиев: Зошто не е приведен актуелниот директор на Пазарен инспекторат Влатко Стојкоски

Има образец кој се поднесува до градоначалникот за отворање кабаре, зошто го амнестирате прашува Апасиев

Уставен суд ја одложува подготвителната седница на Законот за употреба на јазиците поради седумдневната жалост за жртвите од трагедијата во Кочани

Костадиновски: Секој е должен да го почитува Уставот, вклучувајќи го и Собранието

Горан Наумовски

Уставот не предводува интерпелација или разрешување на уставни судии, реакција од Судот