Сиљановска го помилува Ѓоко Поповски кој беше осуден за набавката на „мерцедесот“
Претседателката Гордана Силјановска Давкова го помилува поранешниот помошник на министерот за јавни набавки во МВР, Ѓоко Поповски, кој беше осуден за злоупотреби при јавната набавка на фамозниот „мерцедес“ од 600.000 евра во случајот „Тенк“.
Поповски излегува на слобода по 9 години поминати во затвор, а одлуката за делумно помилување е потпишана од македонската претседателка со што тој е ослободен од понатамошно издржување на остатокот од казната. Во одлуката за помилување се наведува дека делумно се ослободува од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од затворската казна.