• Саше Љолес

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) се огласи со официјално соопштение по повод случајот со пеналот на Хулијан Алварез на натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид.
Ситуацијата беше во најмала рака спорна и многумина сметаа дека голот е поништен нерегуларно, но УЕФА ја објасни ситуацијата и го поддржа судијата Симон Марчињак од Полска.
„Во врска со жалбата на Атлетико Мадрид, сакаме да истакнеме дека постоеше минимален контакт со двете нозе при изведувањето на пеналот на Хулијан Алварез. Според актуелните правила, ВАР-собата мора да му сигнализира на судијата во ваквите случаи и голот мора да биде поништен.
УЕФА ќе изврши разговори со повеќе релевантни инстанци и ќе ја разгледува можноста за евентуална промена на ова правило, особено во случаи кога двојниот контакт со топката е потполно ненамерен“, се вели во соопштението.
Реал Мадрид во пенал-рулетот го победи вечниот градски ривал, а во четвртфиналната фаза ќе се соочи со екипата на Арсенал.