Погребално претпријатие од Берово откопувало стари гробови и човечките остатоци ги фрлало на депонија

Морбиден случај ни доаѓа од Берово каде погребално претпријатие е обвинето дека откопувало стари гробови, а потоа остатоците од истите ги фрлало на депонија.

Од СВР Штип информираат дека на 12.03.2025 во 17.15 часот во ОВР Берово било пријавено дека на место викано „Црвени брегови“, атар на Берово, бил забележан лиценциран извршител за погребални услуги во општина Берово како на градежна депонија фрла и закопува остатоци од починати лица, извадени од Градските гробишта во Берово.

Како што велат, тие веднаш, во консултација со јавен обвинител и во содејство со ракувач со работна машина багер од јавното претпријатие за комунални работи во Берово, извршиле пребарување, но не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело.

Сепак, по преземени мерки и извршени разговори било дојдено до сознание дека овој вршител на погребални услуги во повеќе наврати вршел ископување на стари гробови и ги фрлал остатоците од починатите лица на друга локација.

Тие додаваат дека подоцна бил направен и увид на местото по овластување на јавен обвинител, а излезено било на на гробишта во с.Смојмирово, каде биле пронајдени пет коски кои наликуваат на човечки.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

ФОТО: Архива

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното