ОФИЦИЈАЛНО: Кевин де Брујне со емотивна порака се збогува со Манчестер Сити

Белгискиот репрезентативец, Кевин де Брујне, со емотивно писмо најави дека официјално ќе замине од Манчестер Сити по истекот на тековната сезона и се збогуваше со верните навивачи кои му даваа огромна поддршка изминативе години. 

Де Брујне прерасна во вистинска икона на клубот откако пристигна од Волфсбург пред цела деценија и оттогаш одигра над 300 натпревари во сите конкуренции, бележејќи учинок од 70 премиерлигашки голови и дури 118 асистенции. 

„Драг Манчестер, веројатно знаеш во кој правец оди обаа објава. Ова ќе бидат моите последни месеци во Сити. Сите знаевме дека овој ден некогаш мора да дојде, па затоа сакав прво да дознаете лично од мене. 

Го барав мојот сон, но не знаев дека тука ќе добијам многу повеќе отколку што очекував. Овој клуб, овој град и овие навивачи комплетно го променија мојот живот. Семејството доби огромна поддршка и љубов, затоа секогаш ќе можеме да речеме дека Манчестер е наш дом. 

Не знам како поинаку да ја изразам љубовта и благодарноста до сите во клубот и градот. Благодарам на сите соиграчи, тренери и пријатели. Секоја приказна има свој крај, среќен сум што оваа е навистина успешна“, напиша Де Брујне. 

Луцидниот плејмејкер освои шест титули во првенството и една во Лигата на шампионите, со што остава огромна трага во историјата на „граѓаните“.